Автор: Amigo
Дата: 20-05-08 23:24
Македонскиот јазик - еден од столбовите наевропската цивилизација
2008 - ГОДИНА НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК
Јана Коцевска
Време, број 1292, 16.02.2008, понеделник, 18 февруари 2008
Прогласувањето на 2008 година за година на македонскиот јазик е голем чин, преку кој ќе се слушне историјата, меморијата, поетиката, мелодијата и непокорот на македонскиот јазик од Њујорк до Токио, од Москва до Пекинг, од Брисел до Лондон, од Париз до Киев и Букурешт, од Лисабон до Бразил, рече премиерот Никола Груевски на вчерашната промоција на проектот „2008 година - година на македонскиот јазик“. Со свечена програма, со промоција на книгата „Македонскиот јазик во глобалниот свет“ и со проекција на документарен филм посветен на историјата на македонскиот јазик, се одбележа почетокот на големата културна акција. Академици, писатели, амбасадори, политичари и црковни великодостојници го поздравија овој проект инициран од Владата на Република Македонија со цел да се подобри употребата на литературниот јазик во секојдневната комуникација, но и за популаризација и афирмација на македонскиот јазик во светот. Според Георги Старделов, претседателот на МАНУ, јазикот е еден од најважните елементи што го карактеризираат народот и е од голема важност за малите народи, кои се на жесток удар на големите јазични системи. - Голема и историска е јазичната мисија на Македонија во словенскиот и во европскиот свет. Овде, во Охрид, во нашите краишта, е создадено новото писмо и старословенскиот црковен јазик. Овде, кај нас, за првпат Господ прозбори словенски, овде еден народ, разбирајќи, почна да пее ширејќи ги своите букви, својот јазик и писмо, низ словенскиот свет - рече Старделов. Во годината на македонскиот јазик се вклучени сите научни, образовни и културни институции во Македонија. Во текот на годината ќе се организираат стотици настани: уметнички манифестации, предавања на истакнати македонисти, балканолози, слависти и уметнички имиња што пишувале за Македонија и за македонскиот јазик во своите дела. Според премиерот Никола Груевски, афирмацијата на македонскиот јазик е еден од патиштата што водат кон интеграција на нашата држава во европската заедница. - Од нас зависи дали ќе станеме дел од овие структури достојно како нација, чијашто култура и јазик се еден од столбовите на европската цивилизација. Од нас зависи дали ќе влеземе како нација со богата културна идентичност и свој рамноправен јазик - рече Груевски. Како дел од оваа интернационална културна акција се и проектите 130 томови македонска книжевност, објавување на меѓународната плејада на нобеловци од 1901 до 2007 година и научни дела од најпрестижните светски универзитетски центри, издавање на најавената македонска енциклопедија од МАНУ и четвртиот том од Толковниот речник на македонскиот јазик.
мдааа...
|
|